Опасниот вирус стигна во Европа

Две лица се заразени со опасниот коронавирус во Франција, потврди министерката за здравство за АФП.



Министерката Агнес Бужин изјави дека во Франција се пријавени два случаи на инфекција на коронарна вирус: еден случај е потврден во Бордо, а друг во близина на Париз, пренесе „Индипендент“.

Во САД, во меѓувреме, е откриен уште еден случај.

Инаку, бројот на заразени со новиот вид коронавирус во централна Кина се искачи на повеќе од 800, со 26 мртви.