Околу 209.000 македонски домаќинства или 37 % имаат проблем на време да си ги платат сметките греење, електрична енергија, гас, вода, покажуваат податоците на Европското статистичко биро „Евростат“.



Овие податоци се однедуваат за 2018 година, а претходните години земјава котирала полошо. 

Ова е полошо од просекот во регионот каде една третина од домаќинствата имаат проблем со подмирувањето на сметките во последните 12 месеци.

Дури 35,6 проценти од Грците и 30.1 % од Бугарите го имаат истиот проблем.

Од земји кандидати за ЕУ прва е Македонија со најлош процент од 36,9 од домаќинствата кои не миожат на време да си ги платат режиските трошоци. Подобри од нас се и Србите каде со ваков проблем се соочуваат 28,4 проценти од домаќинствата.

Податоците на „Евростат“ покажуваат дека состојбата во земјава претходните години била дури и полоша од 2018 година за кога се однесува истражувањето. Убедливо најлошо било во 2016 година – кога 41 процент од домаќинствата во земјава или над 232.000 домаќинства го имале овој проблем. Претходната 2015 година овој процент изнесувал 40, за во 2017 да падне на 38,6 проценти.