Стотина пожарникари од полноќ се борат со новиот пожар кој што избувнал во „Камден маркет“ во центарот на Лондон.
Лондонските власти од граѓаните и туристите бараат да го избегнуваат овој дел од градот каде што има над 1000 дуќани и важи за туристичка атракција.
Според противпожарните единици пожарот започнал во зграда на познатиот пазар.
Според првичните информации нема повредени или загинати во пожарот а не се знае ни причината за огнот кој ги зафатил првите три ката од зградата на познатиот пазар во главниот град на Британија.









