Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) донесе пресуда против Македонија поради повреда на правата на осумгодишно дете со посебни потреби сместено во јавна установа и врзано за кревет поради безбедност, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Невладината Хелсиншки комитет дознала за случајот по посетата на Народниот правобранител во центарот каде престојувал во 2013 година и го нашлеа детето врзано за неговиот кревет по што беше покрената постапка пред Судот.
Во својата пресуда на Судскиот совет 1 на ЕСЧП донесена денеска во овој случај, едногласно, заклучува дека имало повреда на член 3 (забрана за нечовечки или понижувачки третман) од Европската конвенција за човекови права, со образложение дека властите се одговорни за сместување на Л.Р. во установа која ги нема потребните ресурси да ги задоволи неговите потреби, затоа што не ја добил потребната грижа и нечовечките и понижувачки третмани на кои тој беше жртва.
ЕСЧП пресуди Северна Македонија да исплати 18.000 евра за морална штета и 1.650 евра за судски трошоци.





