По денот пауза кој на Вимблдон 140 години е традиција денеска продолжува најголемиот тениски турнир на светот. Гренд Слемот стаса со 1/8 финалето во кое конечно во еден ден ќе ги видиме сите реални кандидати за трофејот. Ова се однесува на квартетот што знае како е да се победи во Лондон. Мареј игра со Пер, Надал со Милер, Федерер со Димитров, а Ѓоковиќ со Манарино.



Кај девојките нема така остра граница меѓу поголемите и помалите фаворити или аутсајдери, а најпривлечни од овој круг се мечевите на Кербер и Мугуруза, на Халеп и Азаренка, на Радванска и Кузњецова.

Вимблдон ќе трае до недела.