Огромен скандал во начинот на трошење на државните пари откриваат документите до кои стигна „Економски лидер“.
Договорот што градоначалникот Петре Шилегов го склучил со фирмата „Аполо инженеринг“ за изнајмување возила за чистење на снег на улици во Скопје во периодот од 15 ноември до 15 март за оваа и наредната зима изнесува 64,9 милиони денари, покажуваат документите до кои стигна „Економски лидер“.
„Во оваа сума се вклучени само 40 часа работа на механизацијата на месечно ниво (од ова во договорот има прилог), сè над тоа се плаќа дополнително и оваа сума ќе расте вртоглаво.
Само за првите два месеца (15 ноември 2019 до 15 јануари 2020) Шилегов кон фирмата добитник на тендерот исплаќа околу 263.000 евра или околу 16.225.000 денари, а за истиот овој период фирмата има реални трошоци од нула денари.
Доколку и следната зима има временски услови како оваа „Аполо инженеринг“, со која Шилегов склучи договор, ќе инкасира над 1 милион евра (64,9 милиони денари), а при тоа имала минимални трошоци. Во превод, чист милион евра в џеб“, пишува порталот.
Целата информација и сите документи на овој ЛИНК





