С. Македонија и Албанија заслужуваат да ги започнат преговорите во ЕУ и на тој пат обете земји можат да се движат по различни шини во зависност од успесите, оцени Ангела Меркел на прес-конференцијата со хрватскиот премиерот на Хрватска која е претседавеч со ЕУ.
Таа вели дека двете земји кандидати не треба да се одвојуваат, но дека би можеле да одат по одвоени патишта откако ќе ги започнат преговорите.
„Сметам дека Албанија и с. Македонија припаѓаат кон истата група. Ги имаме Србија и Црна Гора, с. Македонија и Албанија, и конечно ги имаме Босна и Херцеговина и Косово- каде имаме една поинаква ситуација.
Затоа сметам дека доколку сме фер, обете земји треба да започнат преговори, но притоа да следат различни патеки, затоа што секој треба да биде оценуван според сопствените успеси“, рече Меркел во Берлин пренесе „Дојче веле“.
Меркел смета дека самитот ЕУ-Западен Балкан кој ќе се одржи во јуни во Загреб е важен настан, и вели дека доколку се отворат преговори со Скопје и Тирана тоа ќе биде „важен сигнал“.





