Ивор Мицковски до Ахмети: Нормално дека не ти одговара да го поделиш тоа што можеш во целост да го контролираш и крадеш

Колумнистот Ивор Мицковски со коментар за изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека порано високи функционери му нуделе поделба на Македонија по етнички линии, но тој одбил.



„Ахмети: Имав понуда да ја поделам Македонија. Нашиот спасител, нашиот стабилизатор, човек кој нè држи заедно, ама внатрешно поделени. Па, нормално дека не ти одговара да го поделиш тоа што можеш во целост да го контролираш и крадеш“, реагира на Твитер поранешниот функционер на СДСМ.