Шведската амбасада во Босна реагираше на „Твитер“, наведувајќи дека Сараево се наоѓа во сопствена категорија на загадување. Амбасадата повика на итна акција.
Главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, со денови е на врвот на листата на градови со најнеквалитетен воздух а пред три дена беше најзагадениот град на планетата со индекс на загадување дури 597.
Скопје во моментов го зазема 26. место на најзагадени главни градови во светот.
Само Словенија и Црна Гора се речиси целосно во зелената зона така што Љубљана и Подгорица не се на списокот.





