„Њузвик“: Украинскиот авион соборен со руска ракета!?

Украинскиот авион, кој се урна вчера недалеку од Техеран, бил погоден со ракета од руско производство, „Тор-М1“, објави американскиот неделник „Њузвик“, повикувајќи се на неименувани официјални лица во Пентагон, како и на американски и ирачки разузнавачи.
Наводно, претставници на Пентагон и американските разузнавачи за неделникот изјавија дека се проценува дека авионот случајно бил погоден. и тоа од иранските сили.



И американскиот претседател Доналд Трамп смета дека имал чувство дека некој направил ужасна грешка.

„Можеби некој погрешил“, изјави Трамп за новинарите во Белата куќа, пренесе Ројтерс.

Сепак Централната команда на САД не сакала да ги коментира овие тврдења, како и дека немало коментар ни од Советот за национална безбедност на САД или од Стејт департментот.

Претходно денеска, украински службеник за безбедност изнесе четири главни теории за причината за падот на украинскиот авион во Иран во кој загинаа 176 лица, меѓу кои – можен ракетен напад, судар, експлозија на моторот и тероризам.

Авионот се урна само неколку часа по иранскиот ракетен напад врз две бази во Ирак, што предизвика шпекулации дека авионот можеби бил соборен, забележува Ројтерс.

Но, според првичните проценки на западните разузнавачи, авионот имал технички проблеми и не бил соборен од ракета.