Хрватска ги повлече сите 14 војници од Багдад

Четиринаесет хрватски војници се повлекоа од Багдад по американскиот атентат врз иранскиот генерал Касем Сулејмани.



Хрватското Министерство за одбрана потврди дека 14-те хрватски војници биле прераспоредени од Ирак во Кувајт .

„Хрватите се привремено повлечени по одлуката на НАТО во текот на викендот за суспендирање на мисијата на НАТО во Ирак, во која беше вклучена и Хрватска со ротирачки контингент од седум војници, односно четворица офицери и тројца команданти“, пишува „Вечерњи лист“..

Новиот контингент од 7 војници беше испратен во Ирак на 27 декември, а стариот контингент од исто толку војници требаше да го напушти Ирак по новогодишните празници.