Јавното комунално претпријатие Тетово ќе го зголеми бројот на вработени за речиси 30 проценти откако на 17 минатиот месец распишан е оглас за вработување на 67 лица.



Со огласот што беше отворен до 2 јануари се бараат чувари, метлари, контролори. Колку се пријавиле, а колку се примени од ЈКП Тетово, не е познато, јавува Телма.

Заклучно 31 декември 2018 година во ЈКП Тетово биле вработени 202 лица. Со новиот оглас ќе има околу 270 , што го прави едно од претпријатијата со најголем број вработено споредбено со комунални служби во другите општини со приближно број на жители и површина.