Авион „Боинг 737“ со 180 патници и членови на екипажот се урна веднаш по полетувањето од аеродромот „Имам Хомеини“ во Техеран , јави иранската полу-официјална новинска агенција ИСНА.
Се стравува дека повеќето патници во авионот на Ukraine International Airlines погинале.



Екипите за итни случаи пристигнале на местото на несреќата, но малку можат да сторат.

Според неофицијални информации – нема преживеани.

Првите претпоставки се дека причина на несреќата е механички дефект на авионот кој бил нешто повеќе од 3 години во употреба.

Портпаролот на Боинг изјави за Си-Ен-Ен дека ги следат извештаите на медиумите надвор од Иран и „собираат повеќе информации“.

Американскиот авијациски гигант е цел на критилки по последните две несреќи на авионите од типот 737 макс, во кои загинаа 346 лица.