Цариниците на аеродромот во американскиот град Филаделфија се нашле во чудо од содржината на куферите на двајца патници од Албанија, кои слетале на 16 декември.
Со помош на кучиња-трагачи, тие откриле 14 килограми забранети прехранбени производи, вклучувајќи сирово месо, виршли, праз и костени, меѓу кои нашле и два живи инсекта, објави албанската телевизија Ора њуз.
Храната е запленета и уништена, а на патниците им бил дозволен влез во САД.





