Лидерот на ДУИ , Али Ахмети денеска го честиташе големиот празник на православните верници – Божик.
„Почитувани, ми причинува особена чест да им го честитам големиот православен празник Божик на сите православни верници.
Божик е голем и значаен православен празник со кој се слави раѓањето на Исус Христос и не соединува во искрените взаемни желби за здравје, успех, среќа и меѓусебно разбирање и почит.
Со векови славиме, се почитуваме, веруваме и се радуваме заедно. Тука сме еден за друг и затоа од се срце ви посакувам здравје, среќа, спокој и благосостојба за вас и вашите семејства.
За многу години драги сограѓани“, се вели во честитката од лидерот на ДУИ, Али Ахмети.





