Најмалку 35 лица загинаа, а 48 се повредени во метежот што се создаде денес на погребот на иранскиот генерал Касем Сулејмани, јави иранската државна телевизија.
Телевизијата објави дека иранската служба за вонредни состојби објавила дека имало жртви и повредени, пренесува АП.
Фотографиите објавени од државната телевизија покажуваат илјадници луѓе собрани на улиците на градот, многумина облечени во црно во жалост за убиениот генерал, пренесува Ројтерс.





