Видео интервјуто со премиерот Заев откри неверојатна работа поврзана со името на државата и новогодишната елка на семејството на екс премиерот.
Имено на еден кадар од снимката се гледа дека на лампионите на елката пишува “North Macedonia”, односно Северна Македонија.
Лампиони со ваков натпис не се наоѓаат во слободна продажба што значи дека тој самиот нарачал лампиони на кои пишува Северна иако дури и според Преспанскиот договор нема никаква обврска да го користи тоа име за приватни потреби по дома.




