И денеска не е постигнат а согласност за тоа кој ќе ја води идната косовска влада и покрај средбата помеѓу претседателот Хашим Тачи и лидерот на Движењето „Самоопределување“ на Албин Курти.Причина, неможноста на победниците на октоврсиките избори, Самоопределување и Демократскиот сојуз на Косово, да постигнат коалициски договор.
Тачи и Курти денеска имале краток состанок за да разговараат дали Самоопределување е подготвено да го добие мандатот за формирање влада.
По состанокот, Тачи изјави дека им дава уште два дена да предложат име на идниот премиер, пренесува албанскиот портал Exit.al.
Од Самоопределување реагираа дека Тачи не споменал никакви рокови на состанокот и дека секое такво ограничување време ќе биде неуставно.
Оттаму велат дека партијата ќе го информира претседателот за нивниот избор за премиер по нивната одлука која ќе биде донесена на следниот состанок на партијата.
Самоорпеделување победи на парламентарните избори во Косово во октомври и освои 32 од 120 места во косовското собрание. Опозициската Демократска лига на Косово (ЛДК) беше втора со освоени 29 пратенички манмдати.
Претседателот е должен да назначи лице од победничката партија за да ја формира идната влада.
Двете поранешни опозициски партии три месеци разговараат, но сè уште не постигнале договор за тоа дали ќе формираат коалициска влада.
Курти порача дека ќе се сретне со Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), како единствен можен партнер за формирање на новата влада, кога и да се согласи таа партија.
Како резултат на тоа, Албин Курти, засега не е во можност да го соопшти името на мандатаорот на претседателот Тачи, иако тој е единствениот кандидат за „Самооределување“ за функцијата.
По средбата, од Демократскиот сојуз на Косово соопштија дека се подготвени да ги продолжат преговорите за состав на влада.
„ЛДК смета дека избалансираните овластувања и споделените одговорности се од витално значење за функционирањето на можната коалиција, како и за демократското функционирање на институциите “, соопштија од партијата.





