Претседателот Донал Трамп визјави дека САД нема да ја напуштат воздушната база во Ирак, освен ако земјата не плати милијарди долари за трошоците за нејзино градење.
„Ние не заминуваме, освен ако не ни платат за тоа“, изјави Трамп за новинарите вчера пред неговото враќањее од Флорида во Вашингтон.
„Имаме таму многу извонредно скапа воздушна база. Чинеше милијарди долари за изградба. Долго пред моето време. Ние не заминуваме, освен ако не ни вратат за тоа “, рече тој.
Трамп ја искористи можноста да каже дека не е среќен за ангажманот на САД во Ирак.
„Ирак беше најлошата одлука, влегувањето на Блискиот исток беше најлошата одлука досега донесена во историјата на нашата земја“.





