Популарниот Ефто Пупиновски на Фејсбук сподели свое видување за одушевеноста на дел од овдешната јавност, новинари и некои градоначалници со Дино Мерлин и прославата на Нова Година во Скопје и заборавот дека и Македонија има свои музички ѕвезди:



„Јас ја имам „Лихнида кајче веслаше“ која и покрај тоа што е испеана на македонски јазик исклучиво со силата на квалитетот како композиција и интерпретација ги сруши јазичните бариери и стана балкански хит.

И наместо ние кои компонираме и пееме на националниот јазик да имаме соодветно внимание и третман затоа што со нашите национални хитови даваме конкретен придонес кон јакнење на нашиот национален идентитет што на нас Македонците ни е неопходен во овие историски околности, вредноста на нашиот труд нѝ е и понатака девалвирана.

Наспроти ова, на пејачите што доаѓаат од соседството и понатака им ги полниме торбите со пари, па испаѓа дека Дино Мерлин го наполни скопскиот плоштад за 100.000 евра, а Ефто Пупиноски го наполни охридскиот за 40-тина пати помала цена!
И да ви кажам, цел живот водев една моја борба за доброто на нашата национална песна и чекав нештата да се поправат, и сега од оваа позиција длабоко сум убеден НЍ НЕМА НАДЕЖ’, порачува Пупиновски.

https://www.facebook.com/efto.pu.3/posts/2436120663271910