Уапсен педофилот кој ја грабна малата Моника

Нинослав Јовановиќ, осомничен дека на 20 декември ја киднапирал 12-годишната Моника која беше пронајдена од полицијата 10 дена подоцна, е уапсен јавија српски медиуми.



Тој бил уапсен на селските гробишта во нишкото село Малча, по 17 дневна потрага од полицијата на која ѝ се приклучи и војската.

Нинослав претходно бил осудуван за силување и педофилија, аима опрекар „бербер“ затоа што своите жртви ги потстрижува пред да ги силува. Прв пат бил осуден во 1996 година на десет години затвор за силување девојка и девојче, а условно бил пуштен по девет години.

По излегувањето од затвор во 2006 извршил ново кривично дело, грабнал и силувал девојче од 12 години, а потоа грабнал уште едно девојче но тоа успеало да му избега. Тогаш бил осуден на 15 години, но минатото лето врховниот суд на Србија му ја намалил казната на 12 години.

Неколку дена по излегувањето повторно бил уапсен поради сексуално вознемирување на социјалните мрежи, а по пет месеци затвор во март годинава бил пуштен на слобода.