Изведувачот на градежните работи на клиничката болница во Штип, грчката градежна компанија „Интракат“, бара дополнителни 7 милиони евра за завршување на работите.
Проектот требаше да чини 30 милиони евра, а сега наеднаш таа бројка станува 37 милиони евра, а можеби и повеќе.
МКД.мк пишува дека не случајно во овој период се случуваат и средби на висок претставник на власта со еден од главните менаџери на „Интракат“ Димитриос Кутрас, кој претходно беше директор на грчката компанија „Актор“, изведувач на автопатот Смоквица-Демир Капија.
Сега, по обелоденување на барањето, се отвора прашањето зошто министерот за здравство Венко Филипче и екс-премиер Зоран Заев оваа зделка не ја завршиле со одлука на една од декемвриските владини седници?
Зошто овој жежок костен се остави на техничката влада, заедно со опозицијата?





