На верските објекти во Иран е истакнато црвено знаме, кое означува почеток на тотална војна.
Црвено знаме, што симболизира и „крвава одмазда“, е подигнато и над џамијата Џамаркан во светиот град Ком.
Според арапските медиуми, ова знаме се подигнува за прв пат во историјата на Исламската република.
Ваквиот потег следува по ликвидацијата на врховниот ирански генерал Касим Сулејмани во Багдад од страна на американски дронови, а по директна наредба од претседателот Доналд Трамп.
Иранските власти се заканија дека ќе следува жестока одмазда во било кој момент.





