Приврзаници и членови на СДСМ започнаа жесток антисемитски напад врз првата македонска Еврејка министерка во Владата.
Во вербалните напади лица блиски на Заев и СДСМ ја критикуваат Рашела Мизрахи министерка за труд и социјала во техничката влада дека станала член на според нив фашистичката партија ВМРО-ДПМНЕ.
“Не ми пречи што Рашела Мизрахи упаднала во фашистичка партија. Сигурно и кај нацистите во влада имало евреи кои се бореле за плата и социјални права на евреите”, пишува Видана Бошковска Мицевска која заедно со Заев и Шеќеринска ги фарбаше зградите од проектот Скопје 2014.
https://twitter.com/Fortifikacija/status/1213892982233010176?s=19
Етничко и верско профилирање на јавни личности за политички цели особено на членови на Еврејската заедница е непримерно однесување кое во Македонија не се случило никогаш предходно.
Ниту еден член ниту официјално партијата не се огради од не цивилизираните напади на пропагандните јуришници на СДСМ.
Е ова е тоа.
Се појавува интелектуален, професионален и човечки гигант, образована и успешна, и автоматски гледаат колку се бедни во споредба со нејзе.
Фрустрација, страв и сељачка иронија.
Која си ти мури на доктор на науки да и викаш ,,седи да ти кажам”.
Која си ти алооо?😂 pic.twitter.com/lAF4O41PpK— ⭐️Ди///е⭐️ (@lapeshapemape) January 5, 2020
На еден од постовите “лајк” ставил и шефот на пропагандниот тим на СДСМ во владата Зоран Бојаровски што е сигнал дека можеби се работи за координиран вербален напад кој треба да испровоцира реакции кај македонските муслимани кои имаат негативен сентимент кон Израел и Евреите поради настаните во Палестина.

Предходно пропагандистите на СДСМ ширеа лажна вест дека Мизрахи во министерскиот кабинет ставила партиско знаме.
3 сек на раководна функција и одма партиски симболи во државни институции. Гнаси смрдени. pic.twitter.com/BhnfFaspig
— Џедај до гроп од ex ФИРОМ (@kjosmofon) January 4, 2020





