Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вонредна прес конференција соопшти дека нема да оди во приватна посета на Црна Гора за Бадник, зашто не саскал да им дава алиби на црногорските власти.
„Не сакам да му дадам алиби на црногорскиот режим кој ќе каже дека станува збор за напад врз независноста и уставниот поредок на Црна Гора. Ние ја почитуваме независноста и уставниот поредок на Црна Гора и никогаш ниту на кој било начин не сме го загрозиле, ниту сме заинтересирани за тоа“, рече Вучиќ.
Тој потсети дека во Црна Гора живет 28,73 од населението се Срби, помалку од 45 % Црногорци.
„Намерата на дел од режимот на Подгорица е да се намали процентот на Србите во 2021 година“, рече Вучиќ.
Тој ја обвини меѓународната заедница за „хистерична кампања на лаги“ и ја наведе агенцијата АП како пример, која информираше дека српскиот претседател „со својата посета „долева масло на огнот“.
Вучиќ вели дека не очекувал оваа посета да биде причина црногорските власти да го повикаат НАТО и дека ова е добро бидејќи покажува каков бес искажуваат црногорските власти кон Србија.
Тој соопшти дека нема да замине на Косово за Божик затоа што би бил уапсен, бидејќи се осмелил да ја каже вистината за („масакрот“) Рачак, додавајќи дека „белосветските хохштаплери“ му вовеле вербален деликт.





