Стружанец и неговата сопруга убиени во Австралија

Ветон Мусаи (29 ) по потекло од Струга и неговата сопруга Линдита Мусаи биле застрелани во нивниот дом во Мелбурн на 31 декември.



Линдита (25) починала на лице место, а Ветон наредниот ден во болница.

Единствениот осомничен за крвавиот чин е таткото на убиената Линдита кој има прострелна рана која си ја нанел обидувајќи се да се самоубие откако ги убил ќерката и зетот.