Италија поднесе иницијатива пред УНЕСКО за заштита на италијанското еспресо како дел нематеријалното културно наследство на светот.
Кафето е втор најконсумиран пијалок во светот по вода. Раѓањето на првата машина за еспресо, измислена во Италија кон крајот на 19 век, придонесе за негова глобална популарност.
Пиењето еспресо во Италија е начин на живот, а Илариа Данеси, член на Конзорциумот за заштита на традиционалното италијанско кафе Еспресо, вели дека целта е „да се врати италијанскиот идентитет на еспресото.
Затоа што еспресото е резултат на креативноста на Италијанците“, вели таа за Еуроњуз .





