Шефот на македонската дипломатија смета дека првите три месеци од годинава се важни за евроинтегративниот процес на државата и најави дипломатска офанзива.
„Нашата задача сега е да ветуваме помалку, а да сработиме максимум. Мора да се фокусираме и мојата цел и целта на ова Министерство во следниве неколку месеци веднаш во новата година е да продолжиме со една дипломатска офанзива. Ќе биде многу од помош ако Собранието успее да го усвои двотретинснкиот закон за Јавното обвинителство. Тоа ќе помогне во оваа активност. Комисијата најави свој предлог за нова методологија кон крајот на јануари. Ќе има и краток извештај за реформските перформасни кон крајот на февруари, почетокот на март. Така што јануари, февруари, март се многу важни месеци за да го направиме тој пробив.
И се надевам дека 19-та ако беше година на НАТО членството што формално исто ќе се затвори во 20 -та година, 20 – та ќе биде европска година, вели Димитров во интервју за Канал 5.





