Холандија повеќе не постои откако земјата одлучи да го отфрли прекарот за да го подобри имиџот на земјата.
Според владата на таа земја, прекарот Холандијасе поврзувал со премногу клишеа, како што се кломпи, лалиња, ветерници и марихуана, а тоа не се работи за кои се залага Холандија, тврдат странските медиуми.
Така, почнувајќи од јануари годинава, имињата на министерствата, универзитетите, амбасадите и компаниите ќе го користат само официјалното име на државата – Nederlends.



Земјата има 12 провинции, но само две го содржат зборот Холандија. Тоа е провинцијата Северна Холандија, каде се наоѓаат Амстердам и Харлем, додека другата е Јужна Холандија, во која се наоѓаат Хаг и Ротердам.

Официјалното име на оваа земја е Koninkrijk der Nederlanden (Кралство Холандија). На германски јазик, зборот neder значи низок, додека зборот land означува земја, а буквалниот превод би бил Кралство на ниските земји.

Властите на оваа земја веруваат дека оваа промена ќе доведе до поголем прилив на туристи во други делови на земјата, бидејќи туристичките центри како Амстердам и Хаг не можат да се справат со бројот на туристи кои ги посетуваат.

Се менува и логото на земјата кое ќе остане во портокалова боја, но досегашното лале, во иднина ќе биде дел од букватас L во кратенката за NL на земјата.