Мицкоски ќе предложи ново име за министер за МВР во техничката влада

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Хруистијан Мицкоски ќе предложи нов кандидат за министер на МВР во техничка влада откако од СДСМ го отфрлија предлогот за армискиот полковскик Драган Ковачки.



Тој откри дека пак се работи за професионалец и рече дека во текот на денот телефонски ќе се консултира со Али Ахмети и Зоран Заев.

Мицкоски изрази уверувазње дека овој предлог нема да биде одбииен.

Опозицијата, освен министер за внатрешни, добива и министер и за труд и социјална политика, како и дополнителни заменици министри за финанси, информатичко општество и земјоделство, а власта добива заменици во МВР и труд и социјала.

Досега, останатите кандидати на опозицијата се прифатливи за власта, а  доколку денеска биде прифатен новиот предлог за министер на МВР, премиерот Заев утре ќе треба да поднесе оставка од функцијата.

Откако Собранието ќе ја констатира оставката и со тоа ќе изгласа недоверба за целиот кабинет, претседателот Стево Пендаровски ќе треба да му го даде мандатот за состав на нова влада на идниот премиер, а тоа по предлог на СДСМ ќе биде актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој треба да го предложи составот на новата влада кој со мнозинство гласови треба да го избере Собранието.

Владата на Спасовски ќе ја води државата 100 дена, до 12 април, кога ќе треба да се одржат предвремените парламентарни избори.