Мицкоски предлага нов професионалец за министер за внатрешни работи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска предложи нов кандидат за технички министер за внатрешни работи.



На местото на кандидатот Ковачки кој Заев и СДСМ го одби како спротивен на уставот затоа што работел како воено лице во АРМ Мицкоски предлага друг професионалец.

Новиот кандидат на опозицијата за шеф на МВР е искусен припадник на безбедносните служби.

Пред да го открие името Мицкоски најави дека ќе има консултации со премиерот Заев.

Кандидатот не е член на ниту една политичка партија, рече Мицкоски на одговор на новинарско прашање.