Ахмети: Aлбанците во Македонија не се дискриминирани


„Еден народ кој го има своето национално знаме, еден народ кој има три универзитети на својот јазик, два државни и еден приватен, не може да се рече дека е дискирминиран“, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за „Косовапрес“



Тој велидека може да има одредена неправда во некој судски процес, но тоа не и дискриминација на Албанците.

Ахмети вели дека ДУИ на претстојните парламентарни избори закажани за 12 април ќе настапи сама и очекува дека ќе го зголеми бројот на гласачи. Сепак, Ахмети смета дека другите партии на Албанците треба да се обединат, бидејќи повеќе од две партии во албанскиот блок во земјава им прават штета на Албанците со расцепкување на гласовите и губење места во Собранието.

На прашањето за односите со СДСМ на Зоран Заев, пренесува „Косовапрес“, Ахмети одговара дека нивната соработка продолжува иако има разлики помеѓу нив.