Канцеларијата за односи со јавност на Генералштабот, со соопштение реагира за неофицијалните лични ставови изнесени од припадници на Армијата во врска со поддршката за кандидатот на опозицијата за технички министер за надворешни работи.
Во соопштението испраќачот на срамен и недостоинствен начин ја избегнуваат употребата на името АРМ но и на државата на која што и припаѓа армијата.
Во врска со неспоменувањето на зборовите АРМ и Македонија во соопштението реагира пратеникот Илија Димовски.
“За малку ќе помислив дека текстот се однесува за АРМ и за ГШ на АРМ, ама ете ова било за некоја Армија и за некој Генералштаб…”, пишува Димовски.
Соопштението на АРМ во целост:
Во врска со актуелното зачестено споменување во медиумскиот простор на Армијата и нејзини припадници, во контекст на актуелните политички случувања во државата, чувствуваме потреба да реагираме, при што,
Генералштабот на Армијата категорично застанува против сите обиди за нејзино инволвирање и нарушување на макотрпно и достоинствено градениот углед и кредибилитет кој го има стекнато кај граѓаните кој е препознаен во општеството од осамостујувањето до денес.
Армијата секогаш била, е и ќе остане надвор од било какви вмешувања во внатрешните збиднувања на политичките субјекти и нема да дозволи внатрешната кохезија и единство да биде нарушена од било кој припадник на Армијата и надвор од неа.
Најостро го осудуваме секој облик на изразување на неофицијални лични ставови кои предизвикуват инволвирање на Армијата и нејзините припадници во контекст на дневните политички случувања.
Генералштабот на Армијата ќе остане доследен на извршување на својата мисија и задачи и на најпрофесионален начин да ги спроведува предвидените реформски процеси во Армијата согласно високите НАТО стандарди, грижејќи се за зачувување на безбедноста на граѓаните, суверенитетот и државниот интегритет на нашата татковина.





