Папата Франциско се извини за инцидентот од вчера кога тој ја удри раката на верничката која му ја повлече раката и не сакаше да ја пушти.
Инцидентот се случил кога за време на поздравувањето по “Ангелската миса” во Ватикан една верничка не сакала да му ја пушти раката на Папата поради што интервенирало и обезбедувањето.
Ударот по раката на верничката е резултат на загубеното трпение што може да му се случи дури и на Папата, се вели во официјалното соопштение за инцидентот поради кој Францис се извини.





