Актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој од задутре треба да ја преземе функцијата премиер на техничката влада, очекува опозициската ВМРО-ДПМНЕ да предложи нов кандидат кој ќе го води МВР како технички министер.
Премиерот на заминување Зоран Заеи и СДСМ го отфрлија предлогот на Драган Ковачки, со образложение дека како полковник и не може да ја обавува функцијата која треба да ја извршува лице кое најмалку три години претходно бил цивил.
Спасовски вели дека Уставот мора да се почитува и се надева дека опозицијата ќе предложи нов кандидат за министер за внатрешни работи.
„Мислам дека тоа ќе го направат и заеднички ќе влеземе во таа преодна влада, која треба да ги заврши сите овие процедури до изборите. Ставот дека мора да се почитува Уставот е став што не може да биде променет и тоа треба да го почитуваат сите. Владата ќе функционира од моментот кога ќе биде избрана, а тоа треба да се случи на 3 јануари, затоа што изборите ќе бидат на 12 април“.
Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека до утре (четврток) се ќе се знае.




