Анастасија и Габриел се првите родени бебиња – близначиња на Клиниката за гинекологија и акушерство, во 00:01 и во 00:03 часот.
„На родителите им посакуваме добро здравје, успешна и среќна година. Мајката Снежана ја има целосната потребна здравствена заштита и нега. Упатуваме честитки за професионалноста до целиот медицински персонал во сите јавно-здравствени установи. Нека ни е среќна новата 2020 година“, соопштија од ГАК.





