Лекарите и синоќа имаа работа со оние кои испиле „капка повеќе“


Дури 29 пациенти во алкохолизирана состојба, од кои најмалиот бил 14-годишник, а најстариот 63 години, биле примени синоќа на „Токсикологија“, а во Ургентниот клинички центар пак биле прегледани 105 пациенти.



„За среќа, оваа година немаше предозираност со психоактивни супстанци. Сите пациенти по неколкучасовниот престој и третман на Клиниката се пуштени дома, изјави денеска д-р Ирина Јуруков од Клиниката за токсикологија, пренесе „Плусинфо“.

Кај 14-годишниот пациент, било констатирано лесно алкохолно труење кое кај млади лица може да настане само од една чашка алкохол.