Утрово, на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, се родија првите бебиња, две близначиња во 2020 година.
Првото е женско, родено во 00:01, а второто е машко и е родено во 00:03 часот.
„Да се живи и здрави! На родителите им посакувам убава, среќна и бериќетна година“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.





