Десетици лути приврзаници на ирачките шиити ја нападнаа и влегоа во американската амбасада во Багдад.
Според најновите информации, обезбедувањето на амбасадата истрелало шок-бомби врз демонстрантите пред влезот во зградата на амбасадата.
АП известува дека внатре во зградата има пожар, како и дека најмалку тројца американски војници се на покривот на зградата.
Според Ројтерс, се слушнале четири гласни експлозии.
Засега е нејасно што го поредизвикал пожарот, но се наведува дека едно лице пред амбасадата ја повикува толпата да не влегува во зградата и дека „пораката е испратена“.
Неколку илјади луѓе се собраа претходно пред зградата протестирајќи против американските воздушни напади во Ирак и во Сирија во кои загинаа 25 шиитски војници.
Американскиот претседател Трамп ообвини дека Иран стои зад нападот на амбасадата.





