Новогодишна честитка на македонски на албанска телевизија

Илче Костофски, кој ја подготвува емисијата на македонски јазик, што се емитува на вториот канал на албанската телевизија, годинава упати новогодишна честитка на македонски јазик.



„Среќна Нова година и божиќните празници, со желби за добро здравје, среќа, спокојство и хармонија во секое семејство. Во новата година уште посилно и уште подлабоко да ја негуваме нашата традиција на соживот, почитување и прифаќање на различности. Среќна и бериќетна 2020 година. Среќен Божик“, порача Костофски пренесува весникот „Илинден“ – Тирана..

За првпат честитка и на македонски јазик беше емирувана во пресрет на 2015 години, кога истата ја упати Нико Китани, како претставник на Македонците во Државниот комитет за малцинства.

Новогодишни честитки на албанмската ТВ се упатуваат и на јазиците на другите етнички заедници.