Од вечерва по полноќ за половина денар поскапува Еуросупер БС-98 кој ќе се продава по 70,5 денари за литар, одлучи Регулаторна комисија.
Еуросупер БС-95 поскапува за еден денар и ќе чини 68,5 денари за литер додека цената на Еуродизел се зголемува на 63 денари.
Овие цени ќе важат до идниот понеделник кога се очекува нова одлука на Регулаторна комисија.




