Јанакиески останува во куќен притвор

Апелационен суд ја одби жалба на одбраната на Миле Јанакиески за укинување на куќниот притвор за поранешниот министер за транспорт и врски.



Мерката му е определена за случајот „Шпански скали“, за што е поднесено обвинени до скопскиот Кривичен суд.

Во случајот Шпански скали обвинети се уште 10 службеници од министерството, катастар, нотар, поранешен заменик правобранител и бизнисмени.