„Поставувањето на врвен професионалец на чело на МВР без ниту една дамка во кариерата не е природна средина за челниците на Власта. Наместо ова да биде правило во нормална држава, ваквиот предлог се доживува за исклучок, и затоа е голем отпорот во власта“, пишува лидерот на ВМРО-СДСМ во врска со одбивањето на предлогот Драган Ковачки да го води МВР во техничката влада.
Мицкоски вели дека она што насушно ѝ треба на Македонија е професионалците кои оваа влада сега ги става на маргините, да им се даде шанса да ги превземат работите во свои раце.
„Заев и СДСМ очекува решение за човек кој мислат дека ќе го држат во рака за да продолжат со нивните комбинации. А ние со ваков предлог сакаме да направиме дисконтинуитет во хаосот кој Заев и Спасовски со лошото менаџирање во МВР го создаде во државата, дисконтинуитет на рекетите под државна капа, клановите блиски до власта кои спроведуваат криминал, дисконтинуитет на бандитизмот кој се шири низ улиците, заплените автомобили, дрогата која е на секој чекор. И ВМРО не отстапува од борбата против сето ова.
Она што ми е поважно од тоа да се избере решение кое ќе му се допадне на Заев, е да се бори против криминалците и да и служи на Македонија“, пишува Мицкоски на Фејсбук.




