Здружението „Прилепски бранители“ застана зад предлогот на опозицијата Драган Ковачки да биде технички министер за внатрешни работи.
„Како здружение на бранители, стоиме зад предлогот Драган Ковачки да биде нов министер за внатрешни работи. Како наш соборец од 2001 година, секогаш ќе стоиме зад човек кој е спремен да ѝ служи на Македонија.
Целосно се спротивставуваме на отпорот и на критиките кон неговото име. Патриот ѝ служи на татковината секогаш и секаде, и во сите околности. Очигледно, неговата бестрашност предизвикува страв за криминалците, неговиот патриотизам предизвикува неспокој кон оние кои газат врз бранителите и нашата Македонија.
Ковачки предизвикува отпор кај оние кои виткаат ‘рбет и се плашат од човек кој не се пазари со светата македонска земја. Човек кој го веел и со горднст го носел македонското знаме во НАТО, во Авганистан и во Ирак, кој ја бранел нашата татковина, заслужува денес да ја брани од криминалот, од корупцијата и од виткањето ‘рбет“, соопштија од прилепското здружение на бранителите.




