Поранешниот албански претседател, екс премиер и почесен лидер на опозициската Демократска партија, Сали Бериша, треба да Рама да му плати 500.000 леки (околу 4.100 евра) отшета на албанскиот премикер Еди Рама – за навреда.
На 14 октомври лани, Бериша на Фејсбук напиша дека мафијашките фамилии Рама, Џафа, Бала и Тахири се под меѓународна истрага „не од една туку од неколку агенции на земјите партнери”.
„Судот, заклучи дека она што го објавил Бериша не е засновано на факти. На сите судски рочишта адвокатот на Бериша потфрли во приложување докази и како последица на тоа на судот не му беше тешко да донесе конечна одлука,дека тоа е клевета“, наведува Топ чанел телевизија.
Рама, претходно, исто така доби отштета од 2.500 евра за клевета од поранешна пратеничка.





