Професорката по уставно право Тања Каракамишева го коментира проблематизирањето од власта на предлогот од ВМРО-ДПМНЕ воено лице да биде технички министер за внатрешни работи од аспект на Уставот.
„Ги слушам мантраат за и околу Уставот тие кои го распуштија Собрание, па пак се вратија во него, тие кои го ‘избраа’ Таљат за претседател на Собрание без записник, во неуставна процедура, тие кои даваа гаранции да се дограбат до власта и сè да прекршат, тие кои ја згазија референдумската волја!“, констатира на Твитер членката на Венецијанска комисија.




