„Неправото не станува право затоа што и претходно се кршел Уставот“, пишува на Фејсбук професорката Билјана Ванковска по дискусијата што се разви околу тоа дали се почитувал и колку пати бил прекрпшен Уставот при именување министри во минатото.
„Уставните правници се молат да објаснат дали Уставот познава технички и дополнителни министри. Пржинска влада е КОМПЛЕТ неуставна категорија. Како и СЈО…
Од специјални институции и меѓународни креации си страдаме.
Јас ќе гласам за оние кои ќе ветат дека ќе ги исфрлат сите неуставни механизми смислени за држава со посебни потреби“, пишува Ванковска.





