Откако премиерот Заев отвори дилема дали активно воено лице како кандидатот за МВР на ВМРО-ДПМНЕ Ковачки може да биде дел од владата се јави и министерката за правда Десковска.
Таа цинично на Фејсбук споделувајќи го членот 97 од уставот напиша:
“Покрај толку советници од Правен, да пуштиш противуставен предлог?!”.
Според овој член воено лице не може да врши раководна функција во полицијата и одбраната освен ако три години не се цивилни лица.

Со овој став Десковска отвара дилеми дали нејзината влада цели 30 месеци го крши уставот со заменикот министер за одбрана Беким Максути кој на позицијата заменик министер дошол од воена функција во одбраната.
Предходно Максути бил и дел од единицата “Ренџери”.
Досега Десковска или некој друг во владата не покренал постапка за менување на Максути кој бил противуставно избран во 2016 и се уште е заменик министер.




