Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ го потпиша законот за слобода на вероисповест и верски убедувања и за правниот статус на верските заедници, дознава Радио-телевизија на Црна Гора.
Законот беше усвоен со гласовите на владејачката коалиција и СДП по инцидентот во парламентот на Црна Гора.
Пратениците на опозицискиот Демократски фронт (ДФ) претходно го повикаа Ѓукановиќ да не го потпишува законот, туку да го врати во Собранието.
Законот предвидува дека државна сопственост се религиозните објекти и земјиште што ги користат верските заедници на територијата на Црна Гора а кои биле изградени, односно набавени од јавните приходи на државата или биле во државна сопственост до 1 декември 1918 година, за што нема доказ за закон сопственост на верските заедници.



Поедноставно кажано, со законот 650 цркви и црковен имот со манастири станува имот на државата.