СДСМ не ја исклучува можноста за преговори со албанските партии пред изборите, вели потпретседателот на СДСМ, Мухамед зекири во интервју за „Косова Прес“ според кој крајно време е албанската опозиција да се обедини и да и го зададе последниот удар на Демократската унија за интеграција со испраќање во опозиција.
„ДУИ е карцином на општеството во Северна Македонија. Зошто го велам ова, затоа што не смени скоро ништо и не понуди нешто ново на граѓаните и граѓаните го знаат тоа. Тој е политичкиот субјект што треба да се запомни во историјата на земјата, кој изгуби 50% од електоратот за само две години, од 20 пратеници сега им само 10 во овој состав, благодарение на разединетоста што ја имаше со албанските опозициски партии“, вели тој.
На прашањето дали коалицијата на СДСМ со ДУИ ќе продолжи и по 3 јануари кога се очекува да се гласа за техничката влада и дали има шанса за коалиција дури и по изборите на 12 април, Зекири вели дека тој лично се спротивставува на коалицијата со овој политички субјект. Сепак, додава дека граѓаните ќе одлучат со својот глас за тоа кој ќе ја води земјата по изборите на 12 април.




